| четврток, 6 декември 2018 |

Верувале или не – Додик поднесе тужба за самиот себе

додик

Претседателот на Република Српска и Сојузот на независни социјалдемократи Милорад Додик, денеска до надлежното обвинителство на РС и на БиХ поднесе пријава против себе, јави Танјуг.

Во пријавата се наведува дека Милорад Додик, граѓанин, се тужи себеси врз основа на изнесените обвиненија против него за наводно сторени кривични дела, за кои го обвиниле претставници на опозицијата во РС.

Сведоци на обвинението се, вели, Драган Чавиќ, Младен Босиќ, Вукота Говедарица и сите други што изнесувале обвиненија против него.

– Сакам сето тоа да се испита институционално – вели Додик, и додава дека со тоа сака да се заврши „хајката“ против него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top