Најдобриот тенисер на сите времиња, Роџер Федерер, вчера ја одбрани титулата на турнирот во родниот Базел и по пауза од еден месец повторно се врати на второто место на АТП-листата.
Тој го мина Енди Мареј и има 180 бода повеќе од Британецот, но е далеку зад неприкосновениот Новак Ѓоковиќ, кој има вкупно 15.785 бода или 7.535 повеќе од Швајцарецот.
Србинот денеска ја почна 171. недела на чело на АТП-листата, со што го помина Џон Мекинро и се осамостои на петтото место по неделите поминати на првото место. Следен пред него е Џими Конорс со 268 недели, па Иван Лендл (270), Пит Сампрас (286) и Роџер Федерер (302).
Ситуацијата до крајот на сезоната би можела драстично да се смени само ако Федерер триумфира на последните два турнира, во Париз и во Лондон, или ако тоа му тргне од рака на Мареј кој, по сѐ изгледа, годината ќе ја заврши како второпласиран.
АТП РАНГ ЛИСТА:
1. Новак Ѓоковиќ, Србија 15.785 бода
2. Роџер Федерер, Швајцарија 8.250 (+1)
3. Енди Мареј, В.Британија 8.070 (-1)
4. Стен Вавринка, Швајцарија 6.585
5. Томаш Бердих, Чешка 4.730
6. Рафаел Надал, Шпанија 4.630 (+1)
7. Кеи Нишикори, Јапонија 4.440 (-1)
8. Давид Ферер, Шпанија 3.945
9. Ришар Гаске, Франција 2.715 (+2)
10. Жо Вилфред Цонга, Франија 2.545
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.