Во бракот на Северина (43) и Игор Којиќ (28) ќе се родат едно или две деца. Регионалните астролози се сложуваат дека Северина ќе роди девојче, а постои можност и за уште еден син.
-Прво за година или две ќе добијат ќерка. За второто дете не сум сигурна. Игор ќе се грижи за Северина. Бракот ќе има и лоши периоди, но ќе потрае – рекол астрологот Мирела Марковиќ за хрватските медиуми.
Кај Северина и Игор се случи љубов на прв поглед. Пејачката веднаш призна дека е вљубена до уши.
Астрологот Марковиќ вели дека таквата изјава на Северина воопшто не е за чудење бидејќи нивната врска е кармичка.
-Тоа е љубов од минатите животи. И тој нејзина и таа негова. Еден од друг учат. Тој е естет, сака сѐ што е убаво. И светот на гламурот му одговора. Едноставно како токму таква жена да барал, а на неа пак ѝ импонира неговата мажественост – додава Марковиќ.
Слично вели и тарот мајстор Весна Нарат: Иако Северина е родена во знакот на Бик, а Игор е Лав, а тие два знаци астролошки не се сложуваат, во нивната натална карта се крие друга љубовна приказна.
-Игор е вистински топол и срдечен Лав, тој е дарежлив и со голема душа, а тоа се особини кои Северина ја привлекле како магнет. Игор може да ја повреди Северина со некои зборови и дела, можни се и прекини, но нивната љубов ќе биде силна и тие секогаш ќе се враќаат еден на друг. Најтежок период во љубовта ќе им биде во текот 2016 и 2017 година. Доколку успеат да го надминат овој неповолен период, нивниот однос наспорти сите кризи може да потрае – рече Нарат.
Уште еден тарот мајстор Марија Нера Брлек Рап тврди дека датумот на свадбата зборува дека тоа е договор од љубов.
-Игор и Северина еден на друг си се судбина и бракот не може да го избегнат. Тоа е брак полн со страст, а и со расправии по кои брзо ќе доаѓа до смирување – вели Рап.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Комплетниот мејл што Северина му го испратила на Милан: „Си реков: подобро Милан одошто рак!“
-
Девојче (16) се омажи за 44-годишен маж: Сакав семејство, а тој е совршен за тоа
-
После порно аферата се повлече од јавноста: Северина сподели убави вести, среќа во нејзиниот дом!