| четврток, 6 декември 2018 |

Горан Бреговиќ откри кој и поради што го спонзорирал за да користи дрога

Изминатиов викенд Горан Бреговиќ гостувал во една босанска телевизиска емисија во која открил досега непознати детали од својот живот.

hitportla-goran

Бреговиќ открил дека кариерата ја почнал на 17 години и тоа во стриптиз-бар.

-На 17 години видов повеќе голи жени од сите мои врсници заедно – кажал познатито музичар.

Зборувајќи за дрогата, Горан изјавил дека неговиот пат со дрогата почнал во осумнаесеттата година од животот и дека и истата година ставил крај на оваа лоша навика. Меѓутоа, признал и дека дискографската куќа „Југотон“ му плаќала да „остане буден“ бидејќи секогаш имал проблем со роковите.

hitportal-goran1

За водачот на Азра Џони Штулиќ  изјавил дека е аматер, кој никогаш не станал професионалец : Штета што го нема повеќе на музичката сцена, бидејќи во своето време тој беше референтна точка и многу се трудеше.

Тончи Хуљиќ го пофалил и кажал дека е „талентиран ѓавол“, како и дека никој не можел да му  конкурира. Бреговиќ изјавил дека Северина и Здравко Чолиќ ја имаат магија кога ќе влезат во просторија да ве хипнотизираат со својата енергија.

seve-i-brega-snimaju-film-o-nastajanju-zdravo-marije-504x335-20080520-20101019005552-90763

Бреговиќ демантирал дека на францускиот музичар Енрико Макиас морал да му исплати еден милион евра  поради користење на неговата музика во филмот „Аризона дрим“.

-Никогаш во животот не сум имал каков било судски спор, а особено не поради музиката. Според авторските права, јас имама „цигански став“ – сакам да крадам од традицијата и сигурен сум дека и идните генерации така ќе ја „крадат“ и мојата музика – појаснил Бреговиќ.

Goran-Bregovic3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top