Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа Александар Николоски во името на Групата на Народни партии во ова меѓународно собрание, како дел на 30-члената Делегација, ќе ги набљудува парламентарните избори во Азербејџан, закажани за 1 ноември 2015 година.
Пратеникот Николоски учествува во повеќе предизборни и изборни мисии на Парламентарното Собрание на Советот на Европа и со својот активен ангажман придонесува во изготвувањето на завршните извештаи за оценување на изборите.
Пред денот на изборите, членовите на Делегацијата ќе се сретнат со лидерите и претставниците на пратеничките групи и партии застапени во Парламентот на Азербејџан, како и со членови на вонпарламентарните опозициски партии и движења. Делегацијата, исто така, ќе одржи тркалезна маса со претставниците на медиумите и граѓанското општество во земјата со цел да се слушне нивната проценка на кампањата, а ќе се сретне и со претставниците на дипломатскиот кор во Баку.
На денот на изборите, членовите на делегацијата ќе го набљудуваат гласањето и пребројувањето на гласовите во различни региони на земјата. Еден член на Венецијанската комисија, односно Советот на група независни експерти по уставно право на Европа, ќе ја придружува делегацијата да ја советува за правната рамка на изборите.
Пратеникот Николоски беше дел и од четиричлената Делегација која учествуваше во Предизборната мисија. Членовите на Делегацијата претсојуваа во Баку на 21 и 22 септември 2015 година и се сретнаа со сите клучни актери во изборниот процес. Во текот на посетата Делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа доби уверување од претставниците на азербејџанските власти дека ќе бидат преземени сите неопходни мерки за да се гарантира транспарентност на изборниот процес, како за време на гласањето, така и за време на броењето на гласовите.
Парламентарното собрание систематски ги набљудува изборите во земјите-членки на Советот на Европа вклучени во мониторинг постапката и бележи набљудување на околу 150 изборни процеси од 1974 година до денес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Николоски: Исходот на референдумот е дефиниран од Законот, а не од толкувањето на власта
-
Николоски: Дали е ова последниот Илинден што го дочекуваме како Република Македонија?
-
Николоски открива: Во јануари ни тврдеа дека нема шанса да менуваме Устав
-
Николоски: Или воопшто нема да има референдум или ќе има референдум којшто ќе е изманипулиран