Антонио Конте, селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, е опцијата за иднината на Челси доколку Жозе Мурињо не успее да го извлече тимот од кризата. Овој викенд Челси оди на мегдан со Ливерпул и доколку не оствари победа, претпоставките се дека Мурињо ќе мора да си замине од „Стемфорд бриџ“, а Конте да седне на клупата на Челси.
Британските медиуми се погласно го бараат наследникот на Португалецот, а најново име меѓу опциите е Антонио Конте. Сопственикот Роман Абрамович има одлично мислење за италијанскиот стратег, кој имаше одлични резултати со Јувентус пред да ја преземе селекторската функција. Покрај Конте за тренерската клупа на англискиот премиерлигаш се споменуваат и Гус Хидинк и Карло Анчелоти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


