| четврток, 6 декември 2018 |

Ветувачки плодови полни со здравје

Монголските цреши растат на грмушки што даваат богат род. Плодовите имаат темноцрвено месо и темноцрвен сок. Овие нови цреши многу ветуваат и за консумирање како свежо овошје и за индустриска преработка

Растењето во форма на џуџеста грмушка има многу предности бидејќи покажува голема отпорност во зима и отпорност при суша. Освен тоа, максималниот раст до четири метри и при микро и макроклима може да обезбеди поповолни услови и подобро да влијаат врз растењето. Ова овозможува механичка берба, со што се избегнува рачното берење.

Денес црешата не се одгледува на својот корен, мора да биде калемена на други подлоги. Затоа денешните цреши се склони кон многубројни проблеми во одгледувањето, на пример се случува сериозен проблем ако се излупени во местото на калемење, па растењето продолжува со цутот од тоа што се користи како подлога место да расте сортата цреша што е калемена. Овој проблем не може да се појави кај монголските цреши бидејќи тие растат директно од сопствениот корен.

mongolska-cresa-2

Нема значајни оштетувања и болести, па најчесто се одгледуваат органски или со драстично намалена употреба на хемикалии. Плодот е со темноцрвена боја и, како и секое овошје што има темна боја, богат е со високо ниво на антиоксиданси. Брикс или сладоста на монголската цреша е исклучително висока. Кај класичните цреши, обично, е во опсег од 11 до 16, додека кај монголските цреши достигнува повеќе од 20. Дозрева од крајот на јули до крајот на август, кога, обичните цреши ги нема на пазарот. Плодот во физиолошката зрелост може да остане подолго доколку сѐ уште се наоѓа на стеблото, каде што плодовите добиваат уште потемна боја и посладок вкус. Големината на плодовите се движи од два до четири сантиметри со боја што се движи од светлоцрвена до црна. При бербата пожелно е да се берат заедно со стебленца бидејќи тоа ќе им овозможи да се чуваат подолго. Црешите може да се чуваат три до седум дека ако се неизмиени и лабаво покриени со пластична фолија. Помекото овошје има пократок период на складирање.

mongolska-cresa-3

Важно е да се споменат и хранливите својства на црешите: многу ниско ниво на заситени масти, холестерол и натриум. Тие се добар извор на диетални влакна, бакар и на манган, витамин А и витамин Ц. Плодовите на црешите содржат висока количина моќни антиоксиданси, антоцијанин, кои можат да помогнат во ублажувањето на воспалението и во намалувањето на тегобите кај артритис и гихт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top