Откако првиот сингл „Хело“ од новиот албум на Адел почна да ги урива рекордите, пејачката се огласи во јавноста со интервју за музичкиот магазин „Ај-Ди“.
Во интервјуто Адел признава дека големо влијание на нејзината кариера имале Ејми Вајнхаус и Френк Синатра.
– Ако не беа Ејми и Френк Синатра, сто отсто сум сигурна дека никогаш не би земала гитара в рака и не би ги напишала „Дејдример“, „Хоумтаун“ или „Самуан лајк ју“, изјави Адел.
Таа вели дека не се познавала лично со Ејми и не биле пријателки, иако оделе во исто училиште. – Но, ја обожувам – изјави Адел за музичко влијание што врз неа го имала Вајнхаус.
Натаму во интервјуто Адел проговори и за мајчинството и за тоа како и се променил животот откако стана мајка.
– Многу е тешко, мислев дека ќе биде полесно. Сите го прават тоа, па мислив дека не може да биде многу тешко. Ух.. немав идеја дека ќе биде вака. Тешко е, но одлично е – изјави Адел за нејзината улога како мајка.
Таа вели дека мајчинството е најубавата работа што некогаш ја направила.
– Поради синот се чувствувам помлада и тој ме спушта на земја. Пред тоа брв во некој свој свет, но сега се ми се врати околу него – призна Адел
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.