| четврток, 6 декември 2018 |

Адел проговори за мајчинството: Мислев дека ќе биде полесно

ад

Откако првиот сингл „Хело“ од новиот албум на Адел почна да ги урива рекордите, пејачката се огласи во јавноста  со интервју за музичкиот магазин „Ај-Ди“.

Во интервјуто Адел признава дека големо влијание на нејзината кариера имале Ејми Вајнхаус и Френк Синатра.

– Ако не беа Ејми и Френк Синатра, сто отсто сум сигурна дека никогаш не би земала гитара в рака и не би ги напишала „Дејдример“, „Хоумтаун“ или „Самуан лајк ју“, изјави Адел.

Таа вели дека не се познавала лично со Ејми и не биле пријателки, иако оделе во исто училиште. – Но, ја обожувам – изјави Адел за музичко влијание што врз неа го имала Вајнхаус.

Натаму во интервјуто Адел проговори и за мајчинството и за тоа како и се променил животот откако стана мајка.

– Многу е тешко, мислев дека ќе биде полесно. Сите го прават тоа, па мислив дека не може да биде многу тешко. Ух.. немав идеја дека ќе биде вака. Тешко е, но одлично е – изјави Адел за нејзината улога како мајка.

Таа вели дека мајчинството е најубавата работа што некогаш ја направила.

– Поради синот се чувствувам помлада и тој ме спушта на земја. Пред тоа брв во некој свој свет, но сега се ми се врати околу него – призна Адел

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top