Најдобриот тенисер на сите времиња Роџер Федерер има одлична сезона иако се наоѓа во поодминати години. Со неговите игри покажа дека може да освои уштен некој грен-слем во својата кариера во која досега има 17 и е рекордер.
Тој го брани трофејот на турнирот во родниот Базел, а синоќа иако се мачеше со Колшајбер сепак успеа да слави победа од 2-1.
По натпреварот истакна дека се чувствува добро и дека сеуште е гладен за победи. Сепак за да освои уште некој грен-слем во кариерата ќе мора да најде начин да го победи Новак Ѓоковиќ кој има изворедна сезона од 73 победи и само пет порази.
Федерер има пофални зборови за Србинот, истакна дека е „неуништлив“, и многу е тешко некој тенисер да ја достигне неговата форма.
– Новак е дефинитивно играчот кој сите сакаме да го победиме во овие моменти. Тој повторно има неверојатна сезона, и постигнува огромни успеси. И тоа не само на гранслем турнирите, туку и на сите останати мечеви, во континуитет секоја наредна седмива. За секој тенисер е тешко да дојде до неговата форма – изјави Федерер.
Швајцарецот го победи Ѓоковиќ двапати оваа сезона, во финалињата во Дубаи и во Синсинати, но на најголемите турнири не беше доволно успешен. До крајот на сезоната остануваат уште два големи турнири, Мастерсот во Париз и завршниот турнир на најдобрите осум тенисер во Лондон.невер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.