Свеченото отворање на овогодинешното издание на меѓународниот научен симпозиум „Денови на Јустинијан I“ на специјална тема Византија и наследството на Европа: Поврзување на културите, во организација на Универзитетот „Евро-Балкан“ и Универзитетот во Болоња, со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија и Град Скопје ќе се одржи на 30 октомври, со почеток во 13:00 часот во конференциската сала на Град Скопје. На свеченото отварање свое обраќање ќе имаат проф. д-р Митко Б. Панов, Претседател на меѓународниот организациски и научен комитет на симпозиумот, Амбасадорот на Република Италија во Република Македонија, г-н Ернесто Масимино Белели, како и градоначалникот на Град Скопје г-н Коце Трајановски.
На отварањето ќе биде промовиран и Зборникот на трудови од минатогодишниот симпозиум „Денови на Јустинијан I“ од доц. д-р Александар Спасеновски.
Во текот на двата работни дена (30 и 31 октомври) во конференциската сала на Град Скопје, свои реферати ќе имаат повеќе од 40 еминентни професори и научници од 15 земји (Албанија, Белгија, Бугарија, Грција, Италија, Крим, Обединето Кралство, Полска, Романија, Србија, Франција, Холандија, Хрватска, Чешка, Македонија). На симпозиумот ќе бидат презентирани најновите сознанија од областа на византолошките и средновековните студии, што го вклучува и феноменот на културното и историското наследство, сфатен како интегративна компонента на европската цивилизација. Сеопфатниот тематско-содржински концепт на рефератите меѓу другото ќе ја претстави Република Македонија како интегрален дел од византиските културни и духовни традиции и наследство.
Симпозиумот „Денови на Јустинијан I” претставува дел од партнерската програма помеѓу Универзитетот „Евро-Балкан“ и Универзитетот во Болоња и кампусот во Равена, во функција на продлабочување на севкупната соработка помеѓу пријателските земји Република Македонија и Република Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Конференција за спа туризам и туристичка берза во Скопје
-
Делегација од Управата за заштита на културното наследство учествуваше на првиот Европски самит во Берлин
-
„МакеДокс“ организира Меѓународна конференција „Аудио‐визуелно образование ‐ иднина или сегашност“ во МКЦ
-
Експерти од регионот ќе дискутираат за проблемите во образованието на возрасни