| четврток, 6 декември 2018 |

Двојна изведба на балетскиот спектакл „Лебедово езеро“

По изведбата на балетот „лебедово езеро“ во средата (28 октомври) тој ќе биде изведен и в петок (30 октомври) со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет. Станува збор за ремек дело на балетската класика во кореографија на гостинот од Украина, Виктор Јаременко, додека во главните улоги ќе настапат: Улогата на Одета/Одилија ќе ја толкува Марија Кичевска-Шокаровска во двете изведби. Улогата на Принцот Зигфрид ќе ја толкува Васил Чичијашвили, првенец на македонскиот балет, исто така во двете изведби. Во улогата на Ротбарт, ќе настапи Дојчин Дочев, гостин од Бугарија.

Со оркестарот на МОБ ќе диригира, Бисера Чадловска.

Настапува комплетниот балетски ансамбл на МОБ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top