| четврток, 6 декември 2018 |

Конференција за заштита на културното, музејското и библиотечното наследство

Во Центарот за конференции и студии при НУ НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје утре во 12 часот ќе се одржи конференција посветена на заштитата на музејското, културното и библиотечното наследство. Конференцијата ја организираат Македонскиот национален комитет на Синиот штит и Меѓународниот совет на музеите, а ќе се говори за приоритетите во заштитата на музејското културно наследство и библиотечните добра при НУБ „Св. Климент Охридски“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top