| четврток, 6 декември 2018 |

Карло Анчелоти има само еден услов за да се врати на клупата на Челси

karlo anceloti

Италијанскиот тренер Карло Анчелоти е подготвен да го прекине одморот од една година кој го најави откако ја напушти клупата на Реал Мадрид. Иако го одби Милан да се врати на тренерското место по неколу години, пред извесено време соопшти дека му е криво за таквата одлука. Сепак, Анчелоти, кој англиските медиуми го поврзуваат како најсериозен наследник на Мурињо во Челси, имал еден услов за повторно да седне на клупата на „Стемфорд Бриџ“, а тоа е да добие договор на подолго време, односно да не биде само замена до крајот на сезоната.
Анчелоти и претходно беше тренер на Челси во периодот од 2009 до 2011 година кога со „сините“ од Лондон ја освои титулата во Премиерлигата.

Жозе Мурињо засега останува тренер на Челзи, најмногу поради неговата висока клаузула во договорот во случај на отказ. Ако биде отпуштен, „сините“ ќе треба да му исплатат 30 милиони фунти или сите плати до истекот на неговиот актуелен договор до 2019 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top