Поранешниот селектор на Италија и сегашен тренер на турскиот гигант Галатасарај Џезаре Прандели, изјави дека Рома има најголеми шанси за освојување на шампионската титула во Серија А оваа сезона.
„Римската волчица“ во неделата во дербито на колото го совлада лидерот на табелата екипата на Фиорентина на гостински терен со 1-2 и покажа карактер дека може да се бори за скудетото на крајот од сезоната. Прандели денеска изјави дека играчите на римската екипа покажале дека имаат најголеми шанси за освојување на титулата.
– Рома одигра одлично прво полувреме и покажа карактер. Тоа им се исплатеше. Потврдија дека имаат одличен тим и дека полека, но сигурно влегуваат во форма. Тие се во најдобра позиција да го освојат Скудетото – изјави Прандели.
Италијанскиот стручњак додаде дека очекува Јувентус да се врати во борбата за титулата и дека ова ќе биде една од најинтересните сезони во последната деценија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палота до Барселона: Дајте ни го Меси и сè ви е простено
-
Картите се спремни: Рома го знае својот противник во Лигата на шампионите? (фото)
-
Ни крив, ни должен „фатил“ 42 000 евра: Одиграл на победа на Барселона, грешката на вработената го направила богат
-
Лудило во Рим: Претседателот на Рома скокна во фонтана (Видео)