Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за транспорт, врски и екологија и за одбрана и безбедност.
На дневен ред на Комисијата за економски прашања се предлог законите за дополнување на законите за концесии и јавно приватно партнерство, и за енергетика, во прво читање, а на Комисијата за транспорт Предлогот за изменување и дополнување на Годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2015 година.
Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност, пак, треба да расправаат за Предлог законот за изменување на Законот за служба во Армијата на Република Македонја, во прво читање, поднесен од пратници од опозиција, како и за Предлог – законот за дополнување на Законот за одбрана – во прво читање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.