Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат четири комисии.
На дневен ред на Комисијата за европски прашања е јавната расправа на тема:Итни реформски приоритети за Република Македонија – точка 5. Медиуми: Независни и професионални медиуми и слобода на изразување.
Пред членовите на Комисијата за надворешна политика ќе бидат претставени платформите за дипломатски активности на новоименуваниот амбасадор на Македонија во Турција, Звонко Муцунски, на новоименуваниот амбасадор на Македонија во Бугарија, Марјан Ѓорчев и на новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во Федеративна Република Бразил, Ивица Боцевски.
Членовите на Национален совет за евроинтеграции треба да усвојат записници од неколу одржани седници, да расправаат по Предлог-Резолуција на Европскиот парламент за Извештајот за Република Македонија за 2015 година, поднесена од европратеникот и известител за Република Македонија Иво Вајгл, како и за Извештајот за работата на Националниот совет за евроинтеграции за 2015 година.
На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог-законот за изменување на Законот за заштита и спасување – I читање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.