| четврток, 6 декември 2018 |

Седници на пет собраниски комисии

­ Во Собранието на Република Македонија за денеска се најавени седници на комисиите за одбрана и безбедност, за транспорт, врски и екологија, за образование и наука, за труд и социјална политика и на Законодавно­правната комисија.

sobranie-5

 

На дневен ред на Комисијата за одбрана се Предлог ­ законот за изменување и дополнување на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема, во прво читање и Предлог ­ законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во второ читање, а на Комисијата за образование предлог­измените на законите за основно и за средно образование, за наставници во основно и средно образование…

Комисијата за транспрот, врски и екологија, пак, треба да ги разгледа предлог ­ законите за изменување и дополнување на законите за електронските комуникации, за електронско управување, за управување со отпадот, за животната средина, за просторно и урбанистичко планирање, за работното време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, за внатрешната пловидба… во прво читање.

Членовите на Комисијата за труд и социјална политика ќе расправаат за Предлог законот за изменување на Законот за минимална плата во Република Македонија, во прво читање, поднесен од пратеници од СДСМ, како и за предлог – законите за изменување и дополнување на законите за безбедност и здравје при работа , за социјалната заштита, за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, за заштита на децата, сите во прво читање.

Повеќе законски решенија треба да разгледа и Законодавно­правна комисија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top