Поранешниот јавен обвинител Љупчо Шврговски и сегашниот јавен обвинител Марко Зврлевски досега многупати присуствувале и дискутирале на седници на Собранието на Република Македонија.
Поранешниот јавен обвинител Љупчо Шврговски во својот мандат пред пратениците присуствувал, дискутирал и одговарал за својата работа на вкупно 10 плернани седници во Собранието на Република Македонија. Додека пак, сегашниот јавен обвинител Марко Зврлевски од неговото назначување па досега, присуствувал и давал одговори за својата работа на вкупно четири плернарни седници во Собранието на Република Македонија.
Наспроти одговорноста за своето работење, која ја демонстрирале досегашните јавни обвинители, но и сегашниот јавен обвинител, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и покрај упатената покана за присуство, со непојаувањето во Собранието на Република Македонија каде што требаше да се разгледува Извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство направи преседан, покажува грубо непочитување и газење на законодавниот дом како највисока институција во Република Македонија и себеси се стави над сите јавни обвинители, над Уставот на државата и над сите лица кои што се избираат и именуваат во Собранието на Република Македонија.
Како што јавните обвинители Шврговски и Зврлевски се одѕивале на поканите за присуство во Собранието на Република Македонија, така и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева има одговорност својата работа да ја образложи пред пратениците и граѓаните бидејќи, пред сѐ, таа е платена од парите на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.