Борбата на лекарите на Барселона и аргентинската фудбалска репрезентација не вроди со плод и најдобриот „гаучос“, Лионел Меси, нема да биде во можност да настапи на следните два настапа за својата репрезентација во рамките од квалификациите за Светското првенство 2018 година.
Аргентина треба да игра со Колумбија и со Бразил и целиот тим се надеваше дека Меси ќе биде во можност да помогне по лошиот почеток откако на првите две средби со Еквадор и со Парагвај забележа пораз и реми.
Рехабилитацијата на Меси не оди забрзано, по што беше донесена одлука тој да не биде во комбинација за овие два натпревара.
Селекторот Тата Мартино во последните неколку дена разговарал со самиот фудбалер, како и со лекарскиот тим на каталонскиот гигант, по што му било дадено до знаење дека Аргентинецот нема да може да се рехабилитира навреме, а ризикот за негов предвремен настап (особено неколку дена пред „Ел Класико) е преголем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.