Стандардниот македонски репрезентативец, Стефан Ашковски, ќе паузира од фудбалските терени најмалку шест недели поради скршена вилица.
Тој на првенствениот натпревар за својот тим Нови Пазар на гостувањето кај Сурдулица, влезе во игра во второто полувреме, но по кратко време мораше да го напушти теренот, бидејќи прими удар со топка во глава.
Лекарот на Нови Пазар ја потврдува повредата на Ашковски и напомена дека тој ќе мора да паузира подолг период.
– Го чека операција на вилицата и пауза од фудбалот во следните шест недели. Тоа практично ќе значи дека на терен ќе може да се врати дури следната година – изјави клупскиот лекар на Нови Пазар, Фарук Пашовиќ.
Ашковски изминатиов период доби стандардно место во македонската репрезентација под водство на довчерашниот селектор, Љубинко Друловиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.