Министерот за здравство Никола Тодоров останува на својата позиција. Денеска на новинарско прашање директорот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски одговори дека комплетно се неточни информациите што ги објавија некои медиуми кои ги уредува опозицијата.
– Пратеникот Ромео Тренов си поднесе оставка бидејќи е именуван за независен член на Одборот на директори на новоформираното акционерско друштво „Водостопанство“. Никола Тодоров останува министер за здравство – изјави Котевски.
Медиумите на СДСМ и на Сорос утрово објавија уште една во низата лаги и манипулации искористувајќи ја оставката на пратеникот Ромео Тренов. Според овие медиуми, Тренов ќе го наследел Тодоров во Министерството за здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


