| четврток, 6 декември 2018 |

Ноле рамо до рамо со Мекинро, 170 недели на врвот на АТП-листата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на најновото рангирање на АТП-листата води убедливо со двојно повеќе поени (16.785) пред Британецот Енди Мареј со 8.250.
Убведливата предност Ноле ја стекна по победите на последните два мастерс турнири во Кина, Пекинг и во Шангај и до крајот на сезоната остануваат уште два, Мастерсот во Париз, и завршниот турнир од оваа серија каде што играат најдобрите осум тенисери во светот во Лондон.
Ѓоковиќ сега стигна до 170 недели на врвот на најдобрите тенисери во светот и се израмни на вечната листа со легендарниот Џон Мекинро. Сепак, има уште многу да работи и да победува, доколку сака да го урне рекордот на Швајцарецот Роџер Федерер. Тој е најдобар на сите времиња, со 302 седмици на првата позиција на АТП – листата.

Ѓоковиќ сега пред себе има нова цел, да ги достигне остварувањата на Џими Конорс (268), Иван Лендл (270) и Пит Сампрас (286). Далеку напред е Федерер (302).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top