| четврток, 6 декември 2018 |

Фотелјата во Рома подготвена за Тоти

toti1

Франческо Тоти е вистинска фудбалски икона на Рим и на Рома, а сезонава игра се помалку поради годините и повредите.

Принцот од Рим се надева на титула во Серија А со која би се простил од активното играње, но не и од фудбалот. За него веќе е подготвена една од водечките позиции во клубот, а фотелјата ќе биде директорска. Веројатно како спортски директор на Рома, Тоти ќе ја продолжи фудбалската бајка што ја шишува цели 30 години. Почетокот е во 1984 година, а крајот на активната кариера се ближи. Спортската секако продолжува со функција во Рома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top