| четврток, 6 декември 2018 |

Нова голеада во Леверкузен, Баерн Минхен си запиша десетка

 

baer

Нова голеада имаше во Леверкузен, а гледачите на „Бај арена“ повторно уживаа во меч со многу голови, овојпат во меч од Бундеслигата.

По ремито 4-4 со Рома во Лигата на шампионите, Баер сега го победи Штутгарт со 4-3 во натпревар од десеттото коло во германското првенство. И овојпат домаќините се вратија како феникс од прагот на пораз, а анулираа негатива од 1-3 и славеа со 4-3. И повторно јунак беше Агрон Мехмеди, играч што е роден во Македонија. Тој го постигна последниот победнички гол, а во вторникот со погодок во финишот го спаси Баер од пораз против Рома.

Причина за слевје имаше и Баерн по десеттата победа во десеттиот меч во Бундеслигата. Денеска Баварците го декласираа Келн, а гледачите имаа можност да го поздрават кам-бекот на Арјен Робен по долга пауза. Холанѓанецот возврати со гол, водечки за Баерн. Потоа прецизни беа и Видал, Левандовски и Милер од пенал.

Победа на гости прокнижи Волсфбург со 1-0 против Дармштад, Ајнтрахт со 2-1 кај Хановер и Вердер против Мајнц со 3-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top