Еден од најголемите урагани во историјата во ноќта меѓу петок и сабота удри на брегот на Мексико движејќи се со брзина од 270 километри на час.
Ураганот Патриша предизвика свлечиште вдолж 85 километарскиот брег и помала штета отколку што се очекуваше.
Претседателот на Мексико Енрике Пења Нијето сепак повика жителите да останат во засолништата.
За неколку часа бурата се претвори во најсилен ураган во историјата кој достигна 325 километри на час поради што се стравуваше од катасрофа од големи размери.
Ураганот откорнуваше дрва, креваше автомобили, а над илјада луѓе беа присилени да ги напуштат своите домови. Немаше извештај за жртви, пренесува „Ројтерс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


