| четврток, 6 декември 2018 |

Еден од најголемите урагани на светот удри во брегот на Мексико (видео)

Еден од најголемите урагани во историјата во ноќта меѓу петок и сабота удри на брегот на Мексико движејќи се со брзина од 270 километри на час.

Ураганот Патриша предизвика свлечиште вдолж 85 километарскиот брег и помала штета отколку што се очекуваше.

Претседателот на Мексико Енрике Пења Нијето сепак повика жителите да останат во засолништата.

За неколку часа бурата се претвори во најсилен ураган во историјата кој достигна 325 километри на час поради што се стравуваше од катасрофа од големи размери.

Ураганот откорнуваше дрва, креваше автомобили, а над илјада луѓе беа присилени да ги напуштат своите домови. Немаше извештај за жртви, пренесува „Ројтерс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top