Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на сите граѓани на Републиката од свое лично име и од името на пратениците во Парламентот им го честитам овој голем празник.- Наша обврска и должност е да оддадеме достојна почит на успесите од минатото, но гледајќи решително, заедно и обединето кон иднината. Внатрешната македонска револуционерна организација ја определува вредноста на се што е македонско. Застана на патот и беше решена како организација цврсто да ги брани македонските национални, културни, историски и цивилизациски придобивки, со длабоко врежано чувство на грижа за сите кои живеат на македонско тло, без разлика на вера и етничка припадност. Македонскиот непокор и вековната желба за слободна Македонија се вткаени во овие четири букви кои беа движечка сила за сите херојски подвизи. Во оваа прилика мораме да се потсетиме дека Македонија е зборот кој ги водеше борците за независна Македонија, и тој збор треба да не води и нас во денешните битки. Ние сме должни да го чуваме нашиот идентитет, јазик и култура, да сме обединети и да ги остваруваме нашите заеднички интереси- вели во честитката Вељаноски.
Ние како граѓани на Република Македонија, како што подвлекува Вељаноски, ја имаме можноста да работиме во демократска држава, и заедно да се вложиме кон нејзин развој и модернизација за генераците кои ќе следат да бидат горди на својата држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Членовите на ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија седницата за одземање на мандатот на Груевски
-
Вељановски: Нема да учествуваме во менување на Уставот, немате двотретинско мнозинство
-
Вељаноски и Димитриев ќе ги контролираат УБК и прислушувањето
-
Вељановски: Тој ден пречувствував дека одредени работи ќе се случат, особено по најавите на Заев