Република Македонија живее и работи за европските вредности, истакна премиерот на Република Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во вчерашното обраќање во рамките на учеството на Конгресот на Европската народна партија што се одржува во Мадрид.
Груевски посочи дека ние сме Европејци и нашето место е во Европа.
Премиерот истакна дека македонската влада ќе продолжи да спроведува длабоки политички и економски реформи, кои се насочени кон исполнување на неопходните критериуми за членство во Европската унија, подобрување на животниот стандард и квалитетот на живеењето на македонските граѓани, како и кон подобрување на капацитетот на институциите на Република Македонија, бидејќи, како што посочи, ние сакаме да ја оствариме главната стратегиска цел на нашата земја за членство во европските и евроатлански интеграции.
– Граѓанинот на Европа треба да остане центар на нашиот интерес како најдобра гаранција за почитување на принципот на индивидуалност – рече Груевски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ говореше и за солидарност. Според него, ЕУ, земјите членки на ЕУ и аспирантите за членство, мора да работат на заеднички економски проекти, на крупни инфраструктурни проекти кои ќе поврзуваат повеќе земји и ќе даваат економски, и политички бенефит, нови вработувања и подобри услови за живот и повисок стандард.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)