| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски од Мадрид: Македонија живее и работи за европските вредности (видео)

Република Македонија живее и работи за европските вредности, истакна премиерот на Република Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во вчерашното обраќање во рамките на учеството на Конгресот на Европската народна партија што се одржува во Мадрид.

DSC_2565 (1)

Груевски посочи дека ние сме Европејци и нашето место е во Европа.

Премиерот истакна дека македонската влада ќе продолжи да спроведува длабоки политички и економски реформи, кои се насочени кон исполнување на неопходните критериуми за членство во Европската унија, подобрување на животниот стандард и квалитетот на живеењето на македонските граѓани, како и кон подобрување на капацитетот на институциите на Република Македонија, бидејќи, како што посочи, ние сакаме да ја оствариме главната стратегиска цел на нашата земја за членство во европските и евроатлански интеграции.

– Граѓанинот на Европа треба да остане центар на нашиот интерес како најдобра гаранција за почитување на принципот на индивидуалност – рече Груевски.


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ говореше и за солидарност. Според него, ЕУ, земјите членки на ЕУ и аспирантите за членство, мора да работат на заеднички економски проекти, на крупни инфраструктурни проекти кои ќе поврзуваат повеќе земји и ќе даваат економски, и политички бенефит, нови вработувања и подобри услови за живот и повисок стандард.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top