| четврток, 6 декември 2018 |

Есенското издание на „Моден викенд“ отворено со изложбата „Свадбени приказни“

Модната изложба „Свадбени приказни “ го отвори есенското издание на „Моден викенд Скопје“ вчера вечер во Музејот на Македонија.

Проектот „Свадбени приказни“ е во организација на Музеј на Македонија, Европски универзитет во РМ и на Британски совет во Македонија.

Изложба 4

Студентите од моден и графички дизајн, во соработка со студентите од дизајн на ентериер  и кустосите од Музејот, на изложбата што ќе трае до 8 ноември ќе претстават дизајнерски раскажани приказни преку кои даваат свои, современи интерпретации на облеката, текстилот и на накитот од локалните свадбени традиции. Во  сценографијата се вметнати и експонати од изложбата „Црвен петел – црна кокошка“ на Музејот на Македонија.

Изложба 3

На првиот ден од Моден викенд посетителите уживаа и во киното наречено „Лотус кози синема“ во кое беа прикажани кратки модни филмови од програмата „Дресинг д сцен“ обезбедена од Британски совет во Македонија.

Изложба 2

Ревијалниот дел на Моден викенд почнува вечерва во 20 часот со ревијата на Игор Марков во Музејот на Град Скопје.

Организатори Моден викенд Скопје 12

Модниот викенд за сезоната есен/зима 2015/2016, под мотото „Мода и културно наследство“ ќе се држува до 25 октомври во Скопје.

фото: Дими и Ани

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top