Модната изложба „Свадбени приказни “ го отвори есенското издание на „Моден викенд Скопје“ вчера вечер во Музејот на Македонија.
Проектот „Свадбени приказни“ е во организација на Музеј на Македонија, Европски универзитет во РМ и на Британски совет во Македонија.
Студентите од моден и графички дизајн, во соработка со студентите од дизајн на ентериер и кустосите од Музејот, на изложбата што ќе трае до 8 ноември ќе претстават дизајнерски раскажани приказни преку кои даваат свои, современи интерпретации на облеката, текстилот и на накитот од локалните свадбени традиции. Во сценографијата се вметнати и експонати од изложбата „Црвен петел – црна кокошка“ на Музејот на Македонија.
На првиот ден од Моден викенд посетителите уживаа и во киното наречено „Лотус кози синема“ во кое беа прикажани кратки модни филмови од програмата „Дресинг д сцен“ обезбедена од Британски совет во Македонија.
Ревијалниот дел на Моден викенд почнува вечерва во 20 часот со ревијата на Игор Марков во Музејот на Град Скопје.
Модниот викенд за сезоната есен/зима 2015/2016, под мотото „Мода и културно наследство“ ќе се држува до 25 октомври во Скопје.
фото: Дими и Ани
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.