| четврток, 6 декември 2018 |

Унгарија нема намера да отвори коридор за бегалците

ograda madzarska

Унгарија нема намера да отвори каков било коридор за емигранти, кои преку нејзината јужна граница сакаат да стигнат до западна Европа, изјави портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач.

Унгарија јасно даде до знаење дека не поддржува каков било предлог за отворање коридор на затворениот дел на границата кон југ, ниту да обезбеди транспорт за емигранти кон шенгенската зона, рекол Ковач на конференцијата за новинари во Виена.

Изјавата следувала по состанокот на шефови на полициите на Австрија, Унгарија, Словенија и Хрватска во Виена.

Поради големиот прилив на бегалци, Унгарија подигна ограда на границите со Србија и Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top