| четврток, 6 декември 2018 |

Грабар Китаровиќ: Секоја држава сама одлучува како ќе ги заштити границите

китар
Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, коментирајќи ја новонастанатата ситуација со Словенија поради мигрантите и одлуката на Љубљана да испрати армија на границата, изјави дека секоја држава има право да ги заштитува границите како што самата ќе одлучи.Таа посочи дека тоа не е акт насочен кон Хрватска туку е примена на шенгенските правила за заштита на словенечката територија.

– Треба да продолжиме да разговараме бидејќи проблемот со миграцијата е сложен проблем, со кој сите се соочуваме. Не можеме да го решаваме одделно, туку на европско и на светско ниво, посочи Грабар Китаровиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top