Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ ќе мора да врати 300 австралиски долари што ги добила како подарок за време на нејзината посета на Австралија.
Имено, од Кабинетот на Китаровиќ забележале дека во подароците дадени од страна на Хрватите со кои се сретнала во Австралија имало и паричен подарок. Тие побарале мислење од хрватската Комисија за судир на интереси, при што им ставено до знаење дека законски претседателката не смее да прими паричен подарок, а не смее ниту да го донира во хуманитарни цели.
Комисијата сугерирала дека парите да бидат испратени до Амбасадата на Хрватска во Австралија, со цел доколку е можно, да бидат вратени кај донаторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.