Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ на средбата со шефот на косовската дипломатија Хашим Тачи истакна дека Хрватска и понатаму силно го поддржува Косово.
– За време на средбата се потврдени пријателските односи меѓу Загреб и Приштина, како и заемната желба за зацврстување на соработката во областа на земјоделството. Се разговараше и за соработка во Југоисточна Европа на подрачјето на енергетиката и на инфраструктурните проекти – се наведува во соопштението од кабинетот на Грабар Китаровиќ.
Тачи ја нагласи силната поддршка за заштита и за промоција на правата на хрватското малцинство во Косово, како и високиот степен на вклученост на албанската заедница во хрватското општество.
Косовскиот премиер е во официјална посета на Хрватска и е предвидено да се сретне со премиерот Зоран Милановиќ, со претседателот на Саборот Јосип Лекo и со министерката за надворешни работи Весна Пусиќ.
Тачи ќе има средба и со претставниците на здруженијата на Албанците, кои се бореа на хрватска страна во војната од 90-тите години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ден на жалост на Косово поради смртта на Џорџ Буш постариот
-
Жената на Хашим Тачи го изневерува со претседателот на Собранието, ама и тој не и останал должен!
-
Скандал го тресе косовскиот политички врв: Сопругата на Хашим Тачи во љубов со собранискиот спикер Весели
-
Тачи ги повика граѓаните да се воздржат од каква било провокации