| четврток, 6 декември 2018 |

Грабар-Китаровиќ: Не планираме да ја уценуваме Србија

грабар

Факт е дека на Хрватска и е во интерес членство на Србија во ЕУ, секако втемелено на почитување на сите критериуми кои и Хрватска мораше да ги исполни, изјави хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.

На прашањето како официјален Загреб треба да се постави во преговорите на Србија со ЕУ, Грабар-Китаровиќ во интервју за телевизијата Н1 оцени дека мора да се постави активно.

– Членството во Унијата не може да се користи како средство за уцена, тоа никому не му е намера. Меѓутоа факт е дека еден од критериумите за членство во ЕУ се добрососедските односи и целата онаа група критериуми од т.н. Процес за стабилизација и асоцијација, што подразбира добрососедски односи и решавање на отворените прашања – истакна таа.

– Јас гледам простор кој можеме да го искористиме напоредно со тие преговори за членство на Србија во ЕУ- рече Грабар-Китаровиќ, дополнувајќи дека на обете земји во интерес им е да се решат отворените прашања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top