| четврток, 6 декември 2018 |

Како од партнерот да го добиете тоа што го сакате

M

Недостигот на комуникација помеѓу партнерите е главен виновник за многу кавги па дури и прекини на врски и бракови.

После долг и напорен ден тешко е да се концентрирате на потребите на вашиот партнер. Но експертите советуваат дека во секојдневните ситуации треба да се послужите со овие трикови.

1. Молам и благодарам

Звучи старомодно, но зборовите “молам“ и “благодарам“ отвораат многу врати во комуникацијата.

Никој не сака да му се наредува, па затоа ако сакате да добиете нешто од партнерот како на пример да го исфрли ѓубрето, или да ви направи некоја лична услуга, прашањето поставете го на љубезен начин без нервоза.

Тој подобро ќе реагира на вашата молба, ако ја ставите вашата рака врз неговата или на неговото рамо. Мажите реагираат на допир.

Дополнителен успех ќе постигнете ако му се заблагодарите по секоја извршена активност.

2. Покажете со свој пример

Дамите секогаш имаат проблем со неуредноста на своите партнери кои често по себе знаат да го остават нечистиот веш, а во кујната нечисти садови и остатоци од храна. Наместо да им приговарате, покажете им што сакате од нив.

Мажите сакаат да извршуваат задачи и да исполнуваат однапред зацртани цели.

Помирете се со фактот дека вие и вашиот сакан имате поинакви естетски вредности од вас, и дека тоа што за вас е неред за него е сосема прифатливо.

Едноставно покажете му како вие тоа го правите и надевајте се дека ќе го прифати.

3. Искрено признајте му ги своите желби

Не претпоставувајте дека на мажите им е јасно зошто од нив барате да извршуваат некои активности. Напротив, објаснете им дека за тие работи е потребна физичка сила која вие ја немате.

Кажете му ја јасно вашата желба, а тој ќе ја исполни бидејќи сака да ви удоволи.

4. Наградете го за доброто однесување

Откако ќе ги исполни вашите барања наградете го со романтична вечера или нешто друго за кое знаете дека ќе го израдува.

Со оглед на тоа дека мажите ги сметаат своите жени за секси, во наградата можете да вклучите и романтични односи во спалната соба.

Нека не ве обесхрабрува тоа што вие не сте никогаш наградени за обврските кои ги исполнувате по дома.

Сепак имајте на ум дека во ваша корист е да живеете во слога со партнер со кој ќе се разбирате и дека некогаш морате да се послужите со по некој трик за да го добиете она што го сакате.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top