Како помина вашиот прв состанок?
А) почувствувавте взаемна симпатија од прв поглед – 5б.
Б) ви требаше долго време да најдете пат еден кон друг – 3б.
Б) вашата врска е плод на влијание од страна – 1б.
Би можеле ли, да си го замислите животот без вашиот партнер?
А) се разбира – 1б.
Б) понекогаш – 3б.
В) никако – 5б.
Можете ли да се помирите со грешките на вашиот партнер?
А)да, иако не е лесно – 5б.
Б) се обидуваме, но не секогаш успешно – 3б.
В) се повеќе ме нервираат неговите/нејзините грешки – 1б.
Дали ви се допаѓа неговиот/нејзиниот физички изглед?
А) да, секогаш – 5б.
Б) од време на време, кога ќе се среди – 3б.
В) ретко – 1б.
Имате ли заеднички пријатели?
А) да – 5б.
Б) малку – 3б.
В) немаме – 1б.
Се случува ли да имате различно мислење по дадено прашање, но да не го споделите пред него/неа со цел да се зачува хармонијата?
А) да – 5б.
Б) понекогаш – 3б.
В) ретко – 1б.
Постојат ли во врската такви контрасти или карактерни разлики кои во крајна сметка да ве зближуваат по некаков начин?
А) да – 5б.
Б) не знам – 3б.
В) нема – 1б.
Постои ли чувство кај двајцата партнери дека си припаѓате еден на друг?
А) да – 5б.
Б) не знам за него/неа – 3б.
В) не – 1б.
Ако избирате повторно дали би го избрале истиот партнер?
А) да, сигурно – 5б.
Б) зависи – 3б.
) не знам – 1б.
Одговори:
0 – 15 б. Вашата врска е во криза. Под знак прашалник е дали взаемната привлечност помеѓу вас двајцата е доволно силна за да успеете да ги „испеглате“ проблемите и конфликтите помеѓу Вас. Наш совет е да размислите добро пред да се одлучите за посериозен чекор со истиот партнер, бидејќи како што изгледа прогнозата за вашата врска не е добра.
15 – 35б. Пред Вас се сите можности за создавање хармонична и стабилна врска. Поседувате доволно и идентични и особини што ве разликуваат еден од друг, за да не се стигне до монотонија во врската. Продолжете со истото темпо, Вие сте спремни за сериозна врска и можете да бидете сигурни дека во иднина ќе имате среќен брак со оваа личност.
Над 36б. Ние Ви честитаме, примете го нашиот искрен восхит! Вие сте пример за совршена врска и вакви парови како вас се среќаваат еден на сто. Вашите чувства се силни и искрени, што е основа за душевна и физичка хармонија во врската. Сосема наскоро се очекува судбоносното прашање со кое ќе се постават темелите на среќниот брак! Ви посакуваме многу среќа и љубов!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.