Ана Хејс, матурантка од едно мало гратче на југот на Арканзас во САД, за својата матурска забава како партнер го одбрала својот пријател, афроамериканецот Филип Фриман. Овој нејзин избор довел до тоа, ни помалку, ни повеќе, нијзиниот татко да се откаже од неа, само заради бојата на кожата на партнерот.
– Уште додека бев мала ми зборуваше за тоа дека нема да дозволи да излегувам со црнец. Знаев дека е расисит, но не очекував ова да го направи, изјавила Ана за Базфид.
Откако таа на својот Инстаграм профил објавила неколку фотографии од матурската прослава на кои позира со партнерот Филип, нејзиниот татко и напишал неколку СМС пораки:
– Нема да дојдам на доделувањето на дипломите и нема да ти платам за студиите. Оди си со својот партнер. За мене си мртва. Никогаш повеќе немој да ме бараш, и порачал на Ана нејзиниот татко.
Младата девојка додала дека овие пораки делумно и ја уништиле матурата и дека тешко и паднало тоа што нејзиниот татко се откажал од неа само заради оваа причина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.