Кој би рекол дека Могли може да биде и реалност. Ова е приказна за Типи, девојчето што целото свое детство го поминало меѓу дивите животни. Имено, Типи Бенџамин Оканти Дегре е родена во 1990 година во градот Виндоек во Намбија.

Нејзините родители, Силвија Роберт и Алан Дегре се професионални фотографи, кои речиси целиот свој живот ѝ го посветиле на африканската дивина. Така, тие секогаш со себе ја воделе Типи на снимањата, така што таа, до својата десетта година живеела во дивината.
Во текот на нејзиниот престој во Африка, нејзини најдобри пријатели биле дивите животни, вклучувајќи го 28-годишниот слон Абу, леопардот наречен Џиб, како и сите крокодили, лавови, жирафи, бебето зебра, змии, камелеони и ноеви. Таа, исто така, се спријателила и со членовите од локалните племиња, кои ја научиле како да преживува јадејќи корења и плодови, но и како да го зборува нивниот јазик.
Откако се вратила во Париз во Франција, заедно со своите родители, не можејќи да издржи, повторно ја посетила Африка каде што направила серија од шест документарни филмови за „Дискавери ченел“ (Discovery Channel).

Во Париз, таа посетувала локално државно училиште во текот на две години, меѓутоа затоа што била премногу носталгична и не можела да се вклопи во околината со другите деца, морала да го напушти училиштето. Сега таа студира на Универзитетот „Сорбона“ (la Sorbonne Nouvelle) во Париз, на студии за кинематографија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


