| четврток, 6 декември 2018 |

Што се крие зад вистинската приказна за „Црниот петок“?

Денот по Денот на благодарноста кој се слави во САД, кога луѓето одат по продавници и купуваат секаква роба на голем попуст е уште познат и како „Црн петок“. Но, што се крие зад вистинската приказна за „Црниот петок“?

Првата приказна за „Црниот петок“ е поврзана со пад на берзата во САД кој се случил на 24 септември 1869 година. Двајца безмилосни финансиери од Вол стрит, Џеј Гулд и Џим Фиск, работеле заедно за да купат што повеќе од златото на нивната држава, надевајќи се дека подоцна ќе го продадат и ќе извлечат неверојатен профит. Тој петок во септември заговорот конечно бил откриен, берзата пропаднала и сите банкротирале.

Според други извори, „Црниот петок“ се поврзува со навиките на купувачите о Денот на благодарноста. Се до тој ден наводно продавниците работеле во загуба (работење во црвено), а еден ден по Денот на благодарноста, продавниците наводно заработувале голем профит (работење во црно).

Според некои кажувања, уште во 19 век сопствениците на јужните плантажи можеле да купат робови на попуст еден ден после Денот на благодарноста.

Вистинската приказна за „Црниот петок“ потекнува од 50-тите години на 20 век. Во овој период полицијата во Филаделфија го користела овој термин за опишување на хаосот што следувал еден ден по Денот на благодарноста, кога цела толпа приградски купувачи и туристи го преплавувале градот во пресрет на големиот фудбалски настан што се одржувал во сабота секоја година. Не само што полицајците од Филаделфија не можеле да земат слободен ден туку и морале да работат исклучително долги смени поради толпата народ и сообраќајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top