Премиерот Никола Груевски го оствари своето право на глас во вториот круг од локалните избори. Тој во придружба на сопругата Боркица Груевска гласаше во ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ во општината Кисела Вода. Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, своето гласачко право за локалните избори денеска го оствари во избирачкото место во основното училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ во општина Кисела Вода.
– Се надевам дека и денеска, како и минатиот пат, ќе имаме нормален изборен ден на кој граѓаните ќе можат слободно, без какви било проблеми да го остварат своето гласачко право и да го заокружат името на кандидатот за кој веруваат дека ќе направи најмногу дела – изјави Груевски по гласањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


