| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Граѓаните знаат кој направил најмногу дела

Премиерот Никола Груевски го оствари своето право на глас во вториот круг од локалните избори. Тој во придружба на сопругата Боркица Груевска гласаше во ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ во општината Кисела Вода. Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, своето гласачко право за локалните избори денеска го оствари во избирачкото место во основното училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ во општина Кисела Вода.

– Се надевам дека и денеска, како и минатиот пат, ќе имаме нормален изборен ден на кој граѓаните ќе можат слободно, без какви било проблеми да го остварат своето гласачко право и да го заокружат името на кандидатот за кој веруваат дека ќе направи најмногу дела – изјави Груевски по гласањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top