Францускиот интернационалец во редовите на Арсенал по постигна водечкиот гол во победата на неговиот против против Баерн Минхен во рамките од третото коло од Лигата на шампионите кој го доби лондонскиот тим со 2-0.
Тој е критикуван за слабата форма од почетокот на сезона, и по црвениот картон во Загреб во првото коло и суспензијата против Олимпијакос на „Емирати“ тој се врати во составот и имаше одличен настап. Сепак иако беше пресреќен за водечкиот гол, тој целата заслуга за победата му ја препишува на голманот Петр Чех.
– ас го дадов голот, но ова е победа на Петр Чех. Нашиот голман бранеше ,одлично и го одржуваше мечот 0-0 се до мојот погодок. Оваа победа ни беше многу потребна, трите бода не враќаат назад во игра за пласман во следната рунда. Одигравме квалитетно против извонреден противник, победивме и мораме да бидеме задоволни. Баерн имаше околу 70% од поседот врз топката, но ние покажавме страст, решеност да дадеме гол и таквиот пристап ни ја донесе оваа победа – изјави Жиру.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


