| четврток, 6 декември 2018 |

Доналд Сатерленд: Во Хрватска умрев на пет секунди, си го видов безживотното тело

Oсумдешетгодишниот холивудски ветеран Доналд Сатерленд деновиве е во Хрватска каде го снима својот нов филм. Ова не е прва посета на јадранското крајбрежје на Сатерленд, кој во Истра снимаше и пред 47 години. Токму таму му се случила несреќата која му го обележала животот.

– Тогаш за малку ќе умрев. Се разболев, паднав во кома и искусив клиничка смрт на пет секунди. Беше тоа необично искуство, бидејќи во еден момент видов светло на крајот на тунелот и почувствував како се движам кон него. Погледнав надолу и го видов своето безживотно тело. Но, не сакав да одам, не сакав да умрам. Продуцентите на мојата сопруга и пратија телеграма со порака да не доаѓа во посета, бидејќи ми нема спас и дека моето тело со брод ќе го пратат дома. Бев во болница шест недели, а после тоа, продолжив со снимање – раскажа Сатерленд во интервју за хрватскиот „Т-портал“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top