Во организација на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Драмскиот театар и Народниот театар од Битола, Македонија ќе биде дел од европската турнеја на театарот „Ефемерид“ кој токму кај нас ќе ја има праизведбата на драмата „Исповед на една мазохистка“, чиј автор е едно од најголемите имиња на чешката драматургија Роман Сикора. Драмата „Исповед на една мазохистка“ е една потресна симболичка и социјална слика на апсурдот во посткомунистичката епоха на Европа и претставува сјајна драматуршка иновација која ќе ја плени македонската публика.
Претставата ќе биде изведена на 21 октомври 2015 на Малата сцена на Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19.30 часот, а на 24 октомври, со почеток во 20.00 часот, претставата ќе има и своја изведба во Народниот театар во Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.