| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва во МОБ операта „Магбет“, утре балетската претстава „14 часа“

Вечерва (среда, 21.10) со почеток во 20 часот, во МОБ, наместо веќе објавената „Хофманови приказни“,  ќе биде изведена оперската претстава „Магбет“ од Џузепе Верди. Претставата „Магбет“ за прв пат во Македонија беше изведена на отворањето на годинешните „Мајски оперски вечери“. Во насловната улога ќе настапи нашиот познат баритон, Борис Трајанов, улогата на Леди Магбет, ќе ја толкува првенката, Весна Гиновска-Илкова. Во останатите улоги ќе настапат: Банко: Владимир Саздовски, Мекдaф: Марјан Николовски, Дама: Катерина Митева, Малколм: Дамјан Поповски, Доктор: Диме Петров,Слуга на Магбет: Борко Биџовски, Хералд: Дарко Тодоровски, Предавник: Димитар Кожухаров, Три привиденија: Симона Петровски, Надежда Рубен, Дарко Јовановски, Флеанц (син на Банко): Марко Трајанов.

Диригент е Бисера Чадловска, режисер, Марко Спада од Италија, а настапуваат балетски солисти, хорот и оркестарот на МОБ.

cetiri-805-

Утре, пак (четврток, 22.10) ќе се одигра најизведуваната балетска претстава во минатата сезона „14 Часа“ на музика на Кирил Џајковски, а во кореографија на Игор Киров. „14 Часа“ е на репертоарот на МОБ веќе трета година и публиката секогаш со задоволство ја проследува. Покрај на домашната сцена „14 Часа“ гостуваше и на неколку европски сцени, во Рим, Париз и Виена. Настапуваат нашите најдобри балетски соилисти: Александра Мијалкова, Васил Чичијашвили, Наташа Јосифовска, Бобан Ковачевски, Саша Евтимова, Игор Веланоски, Билјана Басмаџиева, Јан Кисилев, Дафина Данилоска и Агим Бафтии.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top