В среда, 20 јануари 2016 година, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена една од најгледаните балетски продукции во МОБ, „14 часа“. Ова е современо балетско дело, кое низ синџир од 12 сцени, ги разработува женско-машките односи, преку ликовите на Лили и Марк. Автор на музиката е Кирил Џајковски, кореографијата и сценографското идејно решение се на Игор Киров, костимите на Александар Ношпал, а режијата и либретото на Наташа Поплавска.
Играат: Александра Мијалкова, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Дафина Данилоска,
Васил Чичијашвили (Грузија), Мирослав Митрашиновиќ, Игор Веланоски, Јан Кисилев, Агим Бафтии, Дојчин Дочев (Бугарија).
Цената на билетите изнесува 300, 400 и 500 денари и можат да се купат на билетарницата на МОБ, тел. 02/3 118 451 и на www.mob.com.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.