| четврток, 6 декември 2018 |

„Магбет“ в петок ја отвора сезоната во МОБ

Во петок, 9 октомври,  во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена оперската претстава „Магбет“ од Џузепе Верди. Оваа претстава, работена според истоименото дело на Вилијам Шекспир, во која се говори за немилосрдната борба за власт, за прв пат во Македонија беше извдена на отворањето на овогодинешните Мајски оперски вечери. Всушност, изведбата на 9 октомври ќе биде нејзина реприза и можност за сите оние љубители на оперската уметност, кои не успеале да ја видат на Мајските вечери.

Во насловната улога ќе настапи нашиот познат баритон, Борис Трајанов, улогата на Леди Магбет, ќе ја толкува првенката, Весна Гиновска-Илкова. Во останатите улоги ќе настапат: Банко: Владимир Саздовски, Мекдaф: Марјан Николовски, Дама: Катерина Митева, Малколм: Дамјан Поповски, Доктор: Диме Петров,Слуга на Магбет: Борко Биџовски, Хералд: Дарко Тодоровски, Предавник: Димитар Кожухаров, Три привиденија: Симона Петровски, Надежда Рубен, Дарко Јовановски, Флеанц (син на Банко): Марко Трајанов.

Диригент е Бисера Чадловска, режисер, Марко Спада од Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top